Поврзете се со нас

Англија

Невил застана во одбрана на судијата кој го навредувал Клоп

Објавено

на

Англискиот судија Дејвид Кут заработи суспензија од ФА по видеото на кое снимен како го навредува поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, а се претпоставува дека ова е најава за целосното исфрлување на искусниот арбитар од елитното судиско семејство на островот.

Додека одговорните бараат решение за испадот на Кут, Гери Невил застанал во негова одбрана и потенцирал дека судијата треба да биде казнет, но не и отстранет од судиската фела.

– Мислам дека е добар потег Кут веќе да не му суди на Ливерпул, а притоа да добие и последна опомена пред исклучување.

– Мојот став е дека тој не направи посебен испад и не зборуваше против клубот, затоа и не треба да ја загуби целата кариера и она за што се трудел цел живот.

– Точно е дека кажа што мисли за Клоп, но кажа и дека му се допаѓа Џејмс Милнер, факт е дека направи глупост, но не гледам дека таквиот став имал влијание врз одлуките. На сите јавни личности и функционери им се случуваат вакви работи, не гледам зошто тие би биле повластени, – рекол Невил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни