Англија
Невил за играчот кој беше понижен од Аморим пред сите присутни на „Олд Трафорд“: Тој е човечко суштество (Видео)
Манчестер Јунајтед одигра засрамувачки во првото полувреме против Њукасл и сосема заслужено беше казнет од гостите, па иако во вториот дел го поправи впечатокот, тимот на Рубен Аморим не успеа да постигне еден гол и да внесе неизвесност на теренот.
„Страчките“ победија со 0:2 и му го нанесоа четвртиот пораз во низа на Јунајтед, ситуација која полека му носи огромни проблеми на новиот менаџер, кој вчера се најде во ситуација да менува уште по 33. минути игра.
Аморим го извади Џошуа Зиркзе и со тој потег предизвика понижување за големото летно засилување, бидејќи Холанѓанецот брутално беше исвиркан од навивачите на Јунајтед кои очигледно се незадоволни од напаѓачот.
Вакви немили сцени навистина ретко се гледаат на театарот на соништата, па во моментите кога го коментирал натпреварот, Гери Невил не криел дека му паднало жал за фудбалерот кој пристигна пред само неколку месеци.
– Го менува Зиркзе….. Навистина ми е жал за него, навистина е жално да се гледа ова. Знам дека заработува многу пари, но внатре сепак има човечко суштество и начинот на кој е исвиркуван е брутален. Не сум го видел ова многупати на „Олд Трафорд“ во изминативе 43 години во кои доаѓам на стадионот, – коментирал Невил додека го пренесувал натпреварот во живо.
Видеото погледнете го ТУКА
-
АТП13 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија22 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
АТП22 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија23 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП17 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Италија21 час
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер