Англија
Невил верува во Арсенал: Можат да ја освојат титулата, единствената грижа…

Арсенал веќе две децении нема пехар во Премиер лигата што е навистина голем период за клуб кој важи за еден од најдобрите во Англија, но тоа според Гери Невил може да се промени оваа сезона и на „Емирејтс“ да слета посакуваниот трофеј.
„Топчиите“ беа блиску во минатата кампања, ама лошата завршница ги остави без првата позиција која ја зазема Манчестер Сити. Клубот од Лондон направи сериозни вложувања во летниот преодек рок и сега по 12. кола е на третото место со 27 бода или поточно има само еден помалку во однос на лидерот Сити.
-Мислам дека Арсенал може да ја освои лигата оваа сезона. И покрај тоа што почнаа бавно, фудбалот ќе дојде, фудбалот што го видовме од нив минатата сезона. Фактот дека тие почнаа малку побавно, никогаш не мислам дека е лоша работа, тие беа таму во глутницата зад врвот.
-Но, мислам дека кога ќе дојде фудбалот, а може да дојде по Божиќ во март, што е вистинското време, тие би можеле да бидат спротивно од минатата сезона – малку бавен почеток и посилен финиш -рече Невил кој е загрижен само за централната напаѓачка позиција.
-Мојата грижа за Арсенал е центарфор, ми се допаѓаат Габриел Жезус и Еди Нкетија, но за мене тие се број два и три, им треба број еден, заклучи англиската легенда.
-
Англијапред 8 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 23 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 10 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 9 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 21 час
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 9 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 11 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат