Поврзете се со нас

Англија

Невил „удри“ по Бруно и играчите кои реагираат како него: Засрамувачки е…

Објавено

на

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил очигледно беше многу лут по поразот на „ѓаволите“ од Астон Вила во натпревар одигран на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед има три порази на последните четири средби во сите конкуренции и веќе почнаа да се јавуваат негативните коментари во јавноста.

На средбата против Астон Вила, Бруно Фернандеш имаше огромна шанса да донесе барем реми за својот клуб, но не успеа да искористи удар од белата точка во 93. минута од натпреварот.

По крајот на мечот, Бруно со долга порака на социјалните мрежи се извини за промашениот пенал, а токму тоа беше причината Невил да реагира на социјалните мрежи и да побара фудбалерите сами да си ги пишат ваквите текстови и да им врачат отказ на луѓето кои се задолжени за нивните профили и односите со јавноста.

– Засрамувачки е. Треба да ги отпуштат нивните „пи-ар“ луѓе, да зборуваат во лично име и да се носат со проблемите. За ова ќе зборувам многу во следните неколку недели. Сите имаат менаџери за своите профили, а тоа креира карактери кои не постојат, -јасен беше Гери Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни