Поврзете се со нас

Англија

Невил тврди дека Јунајтед имал подобро напаѓачко трио од актуелното на Ливерпул: Тоа беше надвор од овој свет!

Објавено

на

Гери Невил го одработи своето стандардно попладневно излагање за фудбалското шоу на „Скај Спортс“, а денешното обраќање го искористи за да отвори неколку актуелни, но и застарени теми за споредба на фудбалери од минатото и сегашноста.

Порај тоа што испрати искрена препорака до Јунајтед да го обнови „Олд Трафорд“ со сериозна инвестиција, усшениот десен бек на „ѓаволите“ го посочи и најдоброто напаѓачко трио во историјата на Премиер лигата.

Гери вели дека актуелното страшно трио на Ливерпул предводено од Салах, Мане и Фирмино е едно од најдобрите, но нагласува дека не може со она на Јунајтед кое го сочинуваа Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Карлос Тевез.

– Годината кога играа Руни, Роналдо и Тевез беше година во која сите останувавме без здив. Тоа беше трио кое е надвор од овој свет. Не само поради квалитетот на фудбалерите, туку и поради себичноста, валканата решителност која постоеше кај тројцата.

– Роналдо беше комплетно друг лик на теренот, тој не ги бркаше и не ги тепаше противниците на теренот, но затоа тука беа Руни и Тевез кои беа како улични тепачи, играчи со извонреден квалитет да направат се што треба за тимот.

– Тоа е најдоброто напаѓачко трио во историјата на Премиер лигата, никогаш нема да има подобро според мене. Може да зборувате за Мане, Салах, Фирмино, јас навистина ги сакам. Истото важи и за Сити со Стерлинг, Агуеро и Сане, но кога Тевез, Руни и Роналдо беа на врвот, беа надвор од овој свет, – заклучува Невил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни