Поврзете се со нас

Англија

Невил: Тотенхем може да заврши пред Ливерпул и Арсенал ако…

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Тотенхем игра навистина атрактивен, напаѓачки фудбал под водство на Анге Постекоглу во оваа сезона, односно успева да дојде да позитивни резултати и покрај проблемитте со голем број на повреди, недостапни играчи.

„Петлите“ вчера ремизираа со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во дуел во кој ги немаа на располагање Сон, Сар, Бисума, Кулушевски, Ло Селсо, Медисон, Дејвис, па според Гери Невил клубот од северен Лондон може да заврши и пред Ливерпул и Арсенал во оваа кампања ако играчите се фит, поточно најголемиот дел од нив се на располање.

-Ако нивните играчи бидат фит, сигурно ќе завршат во Топ четири и мислам дека можат да стигнат до второто и третото место. Со тие играчи назад и ако успеат да ги поминат следните неколку недели, искрено мислам дека можат да бидат подобри од Арсенал и Ливерпул оваа сезона.

-Може да биде добра ждрепка што во ФА Купот играат против Манчестер Сити. Завршето со тоа натпреварување и целосно фокусирајте се на лигата. Ама тие треба да освојат трофеј. Ако освои трофеј, одлично, ама знаеме во минатото кога тимовите имаа навистина експлозивна сезона, тие обично биле во Европа или во други натпреварувања.

-За Постекоглу да стигне до второто или третото место, што би можеле да го сторат доколку имаат чиста трка, би било нешто посебно, -порача Гери за „Скај Спортс“.

Тотенхем со 40 бода е на делба на 4.место на табелата со Арсенал, односно има пет бода помалку од лидерот Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни