Англија
Невил суров кон еден првотимец на Јунајтед: Не ми е јасно како се уште е во клубот!

Манчестер Јунајтед повторно потфрли на домашен терен и доби фудбалска лекција од Њукасл во Карабао Купот, а тоа беше причина плус за Гери Невил да ги оправда сите лоши зборови кои ги упатува за одговорните луѓе во клубот веќе со години наназад.
Легендарниот Гери вели дека повремено и самиот се замислува и се прашува дали можеби е прежесток кон фудбалерите и сите вработени на „Олд Трафорд“, но сега самиот вели дека примери како Антони Марсијал му даваат за право да биде уште пожесток преку студиските обраќања.
– Понекогаш самиот се прашувам дали сум премногу дрзок и нападен кога се враќам во недела навечер во мојот дом. Се прашувам дали сме премногу сурови со нашите коментари.
– Но, кога ќе слушнете дека играч како Марсијал е во клубот речиси години, а чинеше 50, 60 или 70 милиони фунти, тогаш сметам дека не сме премногу сурови. Постигна 89 гола за 9 сезони и се уште не сме го избркале од клубот, не ми е јасно како се уште е тука.
– Неуспесите на фудбалскиот оддел и регрутирањето на играчи се апсолутно неверојатни. Сите се играчи и сакаат да играат, но ова не е било кој клуб, ова е Манчестер Јунајтед, – вели Невил.
-
Италијапред 21 час
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 16 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 15 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 8 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 20 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…