Англија
Невил со жестоко критики за Јунајтед: Ова беше срамен настап, ме шокираа…
Манчестер Јунајтед беше надигран од Тотенхем со 3-0 во дербито на колото во Премиер лигата.
Двата тима си имаат проблеми во актуелнава сезона, па се очекуваше многу битка, борба за секоја топка, педа на теренот, ама на крајот мечот отиде во еден правец, доминација на „петлите“ кои можеа да слават и уште победливо ако голманот Андре Онана не беше на висико ниво.
Поранешните играчи на Јунајтед дефинитивно беа разочарани од изданието на „Олд Трафорд“, а меѓу оние кои беа најдиректени беше Гери Невил.
-Мора да решат некои работи во соблекувалната. Првото полувреме беше толку лошо колку што е. Ова е шокантен ден, отрезнувачки ден. Ова е навистина лош ден за Тен Хег, рече Гери и додаде:
-Тоа го сумира Манчестер Јунајтед во првото полувреме (црвениот картон на Бруно). Тие беа апсолутна срамота. Ова беше еден од најлошите настапи што сум ги видел под Тен Хаг. И тоа нешто кажува. Ова е навистина лошо. Денешниот ден ме шокираше за тоа колку ниско паднаа, -порача Невил.
-
Англија21 час
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Италија23 часа
Канаваро потсети на каков бизарен начин дознал дека ќе ја освои „Златната топка“
-
Англија17 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Шпанија14 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Шпанија22 часа
Араухо: Во клубот се изненадени од рехабилитацијата на тешката повреда
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Македонија15 часа
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата