Поврзете се со нас

Англија

Невил со уште еден жесток коментар кон играчите на Манчестер Јунајтед: Тие месечарат во трката

Објавено

на

Манчестер Јунајтед одигра уште еден разочарувачки натпревар, овојпат на „Селхрст Парк“ каде ремизираше со Кристал Палас со најнепопуларниот резултат во фудбалот (0:0).

„Ѓаволите“ со ова реми пропуштија шанса да се зацврстат на втората позиција на првенствената табела по киксот на тимот на Лестер и по меѓусебниот двобој на Челси и Ливерпул, тимови кои ќе им бидат конкуренти во битката за Лигата на шампионите.

Новата пропуштена прилика да влезат во помирни води пред крајот на сезоната го налути Гери Невил кој истакна дека играчите на клубот месечарат во битката за пласман во топ 4.

– Си направија дополнителен притисок пред градското дерби на „Итихад“. Гледајќи го Јунајтед имам чувство дека тие месечарат во битката за пласман во топ 4, а ова се моменти кога можеше да си направат да им биде многу попријатно во оваа трка. Испуштија многу поени изминатите неколку недели.

– Тие се доста летаргични, немаат никаква итност во играта. Изгледа дека си имаат врзано во главата дека е добро да ремизираат на натпреварите, дека не ја гледаат опасноста која надоаѓа. Ако загубат на „Итихад“ и ако резултатите одат против нив ќе се насоберат многу тимови околу нив . Очајно, навистина очајно, -изјави Гери Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни