Поврзете се со нас

Англија

Невил со свој предлог за фудбалски промени: Децата сакаат пенали

Објавено

на

Одвреме навреме познатите фудбалски имиња ќе се појават со некоја идеја за промена на одредени фудбалски правила, а последен беше Мишел Платини кој побара намалување на бројот на играчи на теренот, односно дуел 10 на 10 за да се зголеми атрактивноста на играта.

Сега на ред дојде Гери Невил, кој пак атрактивноста би ја зголемувал на поинаков начин, односно со задолжително изведување пенали на секој натпревар со нерешен резултат.

Невил смета дека по секое реми треба да има пенали, а победникот би освоил два наместо еден поен од тој натпревар.

– Ако некое дете првпат дошло на стадион или решило да одвои време да го гледа натпреварот ќе биде разочарано со реми 0:0 или 1:1.

– Децата сакаат пенали, моите ќерки би обожувале ваква завршница за натпреварите, – рекол Невил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни