Поврзете се со нас

Англија

Невил со став за сега екс играчот на Ливерпул: Тој е неопеан херој, тешко дека ќе го заменат

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сегашен стручен аналитичар на состојбите во англискиот фудбалер, Гери Невил упати пофални зборови за сега веќе поранешниот играч на Ливерул, Џеорџино Вајналдум.

Популарниот Џини не го продолжи договорот со Ливерпул и како слободен агент се реши да направи трансфер во редовите на ПСЖ кој понуди најмногу пари за неговата плата.

Невил смета дека Вајналдум тешко дека ќе биде заменет следната сезона затоа што тој бил меѓу најдобрите играчи на Ливерпул, посочувајќи дека тој бил „неопеаниот херој“ на тимот.

– Неопеан херој. Луѓето зборуваат за одличните играчи кои ги има Ливерпул, а многумина од нив ретко го споменуваа Вајналдум. Мислам дека многу ќе им недостига следната сезона, ќе биде премногу тешко да го заменат.

– Тој е тип на играч кој игра од сенка. Не го гледате и мислите дека не прави ништо неверојатно, но можам да замислам дека неговите соиграчи го почитуваат затоа што покрива голем дел од теренот. Тој ги прави работите едноставни за неговите соиграчи, тој е несебичен играч и е важен и за холандскиот  тим, -изјави Невил за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни