Поврзете се со нас

Англија

Невил со сериозна препорака до клубот: „Олд Трафорд“ изгледа старо, погледнете го Манчестер Сити

Објавено

на

Гери Невил освои осум титули во Премиер лигата во ерата на Сер Алекс Фергусон во која Манчестер Јунајтед стана најтрофеен клуб во Англија, но играчот кој ја заврши кариерата во 2011-та година, смета дека клубот не направил никаков напредок од кога замина во пензија.

Кога го вели ова, Невил не говори само за играта на тимот доле на теренот, туку и на инфракструктурата на „Олд Трафорд“ која според него веќе е престара за клуб од ваков карактер.

Гери смета дека Јунајтед мора да направи сериозна инвестиција за подновување на стадионот, а како пример го посочи големиот ривал од истиот град.

– Манчестер Јунајтед треба да изгради цел свет околу „Олд Трафорд“. Треба да се врши едукација и да се анимира општеството, мора да има занимација за публиката. Секој треба да доживее незаборавно искуство кога доаѓа на стадионот. Изгледа како „Олд Трафорд“ да се измори, исто како што изгледа и тимот.

– Веќе изгледа старо и мора да има сериозна инвестиција. Со сериозен проект, може да се добие фантастична глобална слика. „Олд Трафорд“ е специјално место, треба да се направи уште поспецијално. На пример, Манчестер Сити направи експанзија со многу помало име, затоа Јунајтед има огромна можност да направи стратегија и да покаже амбиција со нов изглед на „Олд Трафорд“, – порачува Гери за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни