Англија
Невил со прогноза за шампионот и Топ 4 во ПЛ: Ова не сум го кажал 15 години…
Многу сме блиску до првата половина од оваа сезона во Премиер лигата или поточно има доволно материјал за да се донесат одредени заклучоци, ставови на интересни прашања како на пример кој е фаворит за титулата или кој ќе заврши во Топ 4 на крајот на натпреварувачката 2024/2025.
Гери Невил е доста актуелен на англиската сцена, па пред почетокот на кампањата даде прогноза која сега ја промени. Останува само на ставот дека Арсенал ќе биде шампион, а пак во најдобрите четири ги стави Челси, Ливерпул и Манчестер Сити што е поразлично од месец август кога ги избра „граѓаните“ како втори, потоа Манчестер Јунајтед и „сините“ од Лондон.
-Ќе одам со Арсенал [да ја освојат титулата] врз основа на тоа што мислам дека ќе ја постигнат својата форма. Имаат пристојна серија на натпревари за Божиќ, мислам дека ќе дојдат до бодови и мислам дека ќе ја постигнат својата форма во новата година и ќе ја освојат лигата оваа сезона.
-Топ 4… Немам целосна верба во Тотенхем, Астон Вила и да бидам фер, Нотингем Форест, Борнмаут и сите други тимови кои се во и околу него. Мислам дека тоа ќе бидат Сити, Ливерпул, Челси и Арсенал во овој момент. Тоа е прв пат да не кажам дека Јунајтед ќе биде меѓу првите четири, мислам, по околу 15 години, -вели Невил кој исто смета дека од лигата ќе испаднат Вулверхемптон, Ипсвич и Саутемптон.
Џејми Карагер пак типува на Ливерпул како првак, Челси, Арсенал и Сити да ја заокружат првата четворка, а во понизок ранг да се преселат Лестер, Ипсвич и Саутемптон.
-
АТП14 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија21 час
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија24 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП22 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП18 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП19 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)