Англија
Невил со пример од теренот објасни зошто ВАР снимките даваат оптичка илузија (Видео)

Гери Невил беше стандарден дел од понеделничкото шоу на „Скај Спортс“ и главно беше концентриран на големото градско дерби меѓу Тотенхем и Челси, но пририреди и интересен пример за тоа како доаѓа од оптичка илузија кога се гледаат спорните моменти од телевизија.
Њукасл постигна контроверзен гол против Арсенал и никој не можеше точно да докаже дали топката остана во теренот, или не, а Невил сега со чист пример од теренот објасни зошто работа на луѓето во ВАР не е воопшто лесна кога има такви ситуации.
Гери ја постави топката на самиот раб од линијата и само еден дел од топката беше во теренот, но кога ја прикажа камерата која обично се користи во ВАР, топката изгледа како да е во аут.
Легендата на Манчестер Јунајтед објасни дека доаѓа до оптичка илузија кога се гледа топката од тој агол, бидејќи всушност никој од ВАР не може да гарантира дали топката излегла, или останала во границите на теренот.
За разлика од спорните ситуации со гол-аут и аут, Премиер лигата со години наназад веќе ја користи технологијата на гол-линијата, па судијата секогаш добива знак на часовникот кога топката ќе ја мине означената граница.
🗣️ “VAR cannot make a decision to overturn the on-field decision.”
Gary Neville highlights the different angles when a ball is sitting on the touchline 👀🎥 pic.twitter.com/QVGT6pNKWC
— SPORTbible (@sportbible) November 6, 2023
-
Италијапред 22 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Англијапред 14 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Светпред 18 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Англијапред 23 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Светпред 15 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Балканпред 16 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Шпанијапред 24 часа
На Симеоне му здосади од Чави: Мораш да го опоменеш, не си ја затнува устата…… (Видео)