Поврзете се со нас

Англија

Невил со пријателски совет со Мегваер: Треба да побара помош…

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Хари Мегваер дефинитивно е најкритикуваниот светски фудбалер во изминативе неколку сезони, играч кој дефинитивно е под огромен притисок од јавноста и тоа е еден проблем за него во обидот да покаже што знае и умее, да ја врати старата форма со која и избори голем трансфер во Манчестер Јунајтед.

И покрај проблемите на клупски план каде игра многу малку за „црвените ѓаволи“, тој е редовен во англиската репрезентација, но и тами не може да здивне и најдобар доказ е ситуацијата по автоголот што си го постигна против Шкотска по што следуваат лавина на реакции како од аналитичарите така и од навивачите, а мора да се каже и големиот број на сеирџии кои постојано чекаат и најмала грешка на стоперот.

Ова не е лесен период за дефанзивецот, па неговиот постар сонародник, Гери Невил го советува да побара професионална помош.

-Сум бил таму, секој играч бил. Кога ја изгубив самодовербата, отидов кај психолог да ми помогне во тие моменти. Но, не можете да направите ништо друго освен да се појавите, да се обидете најдобро и да не попуштите. Во одреден момент, неговата форма ќе се врати. Би му предложил да го направи тоа што јас го направив. Отидов и го видов мојот лекар во Манчестер Јунајтед. Отидов и се видов со психолог. На моменти ви е потребна надворешна помош, -рече Гери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни