Поврзете се со нас

Англија

Невил со предупредување до Солскјер: Челси и натаму има предност во еден сегмент

Објавено

на

Манчестер Јунајтед има силен тим, кој само ги зголеми амбициите за новата сезона, но за менаџерот Оле Гунар Солскјер тоа ќе биде и најголем предидизвик, во обидот да го искористи тој потенцијал за освојување трофеи.

Поранешниот фудбалер на Јунајтед и актуелен стручен коментатор, Гери Невил испрати предупредување до Норвежанецот, порачувајќи му дека балансот на екипата ќе биде најважен фактор сезонава.

– Јасно е дека секој фан би сакал во ист момент на теренот да ги види Бруно, Погба, Роналдо, Лингард, Гринвуд, Рашфорд, Кавани и Марсијал, но не можеш да составиш перфектен тим со ваков вид играчи кои не помагаат многу во одбраната.

– Во моментов Челси има одличен баланс во тимот, за разлика од актуелниот Јунајтед.

– Манчестер би бил подобар со играч од типот на Лингард во тимот, поради фактот што Роналдо игра како „деветка“ и не покрива многу во одбрана, – рекол Невил во својот подкаст.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни