Поврзете се со нас

Англија

Невил со критики за двајца играчи на Јунајтед кои ја искористија паузата за патување во САД

Објавено

на

Гери Невил се надева дека неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед ќе тргне во позитивна насока со новиот менаџер Рубен Аморим, но и натаму ги потенцира проблемите кои ги детектира во редовите на „црвените ѓаволи“.

Во периодот кога Аморим ги реализира првите тренинзи и се подготвува за официјалното деби, Невил имал забелешка за Маркус Рашфорд и Касемиро, кои решија да ја искористат паузата во првенството за патување во Соединетите Американски Држави.

Ѕвездите на Јунајтед беа видени на НБА натпревар, а според Невил тоа не бил најпаметен потег за играчи кои имаат проблем со формата и не блескаат сезонава.

– На нивно место, првично би се запрашал дали новиот тренер, дали навивачите би сакале да ме видат таму?

– Во игра е професионализмот, треба да се грижите за своето тело и за тоа да бидете добро подготвени за следниот тренинг. Во ред е тоа што на Рашфорд му требален ментален одмор, дружење со пријателите. Но, овде зборуваме за локацијата, за времето на патување, временската зона, дали тоа ќе има негативно влијание, дали летот од 12 часа нема да влијае?

– Ова можеби повеќе важи за Касемиро, секогаш кога отсуствувал десет дена со бразилската репрезентација, тоа се прифаќало како изговор за лошата состојба по враќањето во клубот. Сега избрал чудна дестинација да го помине краткиот одмор, а зад себе има големо искуство и пет трофеи во Лигата на шампионите, – рекол Невил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни