Поврзете се со нас

Англија

Невил со јасен став за шансите на Манчестер Јунајтед да освојува титули: Сега се во многу подобра позиција

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил истакна дека „ѓаволите“ како што стојат работите наскоро би можеле да се надеваат дека ќе бидат сериозни претенденти за титулата во Премиер лигата.

Невил посочи дека Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер има многу поголеми шанси да ја освои титулата отколку кога беа под водство на Жозе Мурињо кој две и пол сезони се задржа на „Олд Трафорд“.

– Изминативе 12 месеци, Манчестер Јунајтед имаше одлична серија резултати.  Бројот на освоени бодови се зголемува од година во година. Треба да се аплаудира на тим кој 20 натпревари во гости останал непоразен, тешко е да се стори тоа.

– Манчестер Јунајтед е добар на гостински терен, добри се при прекините изгледа како да сакаат да играат со било кој противник. Токму затоа мислам дека овој Манчестер Јунајтед е многу подобар од оној од пред две или три години кој под водство на Мурињо заврши на второто место. Можам да почувствувам дека меѓу играчите владее подобар дух.

– Дури мислам и дека тие имаат многу подобра шанса да ја освојат титулата следните две или три години отколку кога беа предводени од Жозе пред неколку години. Тогаш имаше чудна група играчи, изгледаше дека не се сакаат многу меѓусебно. Не ми се допѓаа многу како фан, -јасен беше Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни