Англија
Невил со брутална изјава: Само еден играч на Јунајтед може да биде во тимот на Тотенхем

Манчестер Јунајтед продолжи да останува без бодови на натпреварите во Премиер лигата, па така вчера го претрпе 12. сезонски пораз во 25. натпревар и тоа на гостувањето во Лондон кај Тотенхем.
Ова беше дуел на два тима кои се соочуваа со исти проблеми, два тима на исто ниво, ситуација ако се земат предвид проблемите со повредите, неоправданите високи очекувања и позициите на табелата, битка која на крајот ја добија домаќините со голот на повремениот англиски репрезентативец Џејмс Медисон во првото полувреме.
Новото издание донесе нови критики за Јунајтед, менаџерот Рубен Аморим, но според Гери Невил ова во моментот е некоја реална слика притоа порачувајќи дека само еден играч на клубот е „Олд Трафорд“ е квалитетен за да се најде во тимот на „петлите“.
-Зборуваме за тоа дека играчите на Манчестер Јунајтед не се доволно добри. Земете ги најдобрите играчи на Тотенхем, Поро, Удоги, Ван де Вен, Ромеро, Бисума, Сар, Медисон, Соланке, Кулушевски, Џонсон, Тел. Колку играчи на Манчестер Јунајтед би биле во тој тим на Тотенхем ако сите беа фит? Мислам дека тоа би бил Бруно Фернандеш, вие би го посакале таму. Можеби Амад, но да бидам искрен, ако изборот е меѓу Кулушевски или Амад, веројатно би го одбрал Кулушевски.
-Значи, мојата поента е дека секој играч на Тотенхем освен еден е подобар од секој играч на Манчестер Јунајтед. Тоа не е емотивно или навредливо, само е навистина тажно што таму се наоѓа Манчестер Јунајтед во моментов, тие ги немаат играчите. Има многу неизвесности на и надвор од теренот и се надеваме дека Рубен Аморим ќе добие време да се обнови тимот во следните две години, но секој играч на Тотенхем влегува во тимот на Манчестер Јунајтед – веројатно освен Бруно – и тоа е проблем, -порача легендата на клубот од Манчестер.
-
Формула 113 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија22 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија22 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Шпанија10 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија12 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија9 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Балкан23 часа
Нов гол за Цујо во Турција: Аврамовски претрча 50 метри и ја матираше Анкарагучу (ВИДЕО)