Англија
Невил со брутален заклучок за играта на Јунајтед: Ова е најлош тим во Премиер лигата, се издвојува само еден играч!
Гери Невил покажа симпатии кон Џошуа Зиркзе и му даде поддршка на Холанѓанеот откако напаѓачот беше повлечен од Рубен Аморим по само 33 минути игра, но опсежната анализа која ја направи легендата на Манчестер Јунајтед води кон проблем кој е многу поголем и потежок за актуелниот менаџер на првиот тим.
Невил потенцира дека лошата форма на Зиркзе е најмал проблем за португалскиот стручњак, а во бескомпромисната анализа која ја направи, не пропушти да нагласи дека Јунајтед во моментов е најлош тим во Премиер лигата.
– Њукасл си поигруваше со Манчестер Јунајтед, едноставно ги малтретираа на секој дел од теренот. Кога го гледате овој стартен тим на Манчестер Јунајтед, сигурно веќе размислувате дека истиот не може да игра добар фудбал.
– Крилните бекови не се добри во офанзивна смисла, централните играчи за врска не можат да трчаат, тројцата играчи во одбрана немаат доволно свежина. Зиркзе изгледа небалансирано во партнерство со Хојлунд, тоа се проблеми кои тешко дека ќе бидат решени. Кога го гледате тимот, го имаме само Амад Диало кој може да направи нешто.
– Њукасл правеше што сакаше, можеше да води со 0:4 на полувреме. Јунајтед беше ужасен во секој поглед, најверојатно го гледаме најлошиот тим во Премиер лигата во овој момент, – посочи Невил.
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Пресврт: Јувентус останува без планираното засилување од Барселона