Поврзете се со нас

Англија

Невил: Роналдо го изневери Солскјер, мораше…

Објавено

на

Гери Невил е легендарен ас на Манчестер Јунајтед, а и воедно голем навивач на клубот кој веќе некое време се мачи да се врати на победнички патеки, да биде конкурентен и освојува пехари како во времето на сер Алекс Фергусон.

Меѓу луѓето кои добија шанса да го водат клубот по славниот Ферги беше и Оле Гунар Солскјер кој исто имаше турбулента епизода, подеми и падови, односно и тој не успеа да ја донесе потребната конзистентност. Во тоа време Оле имаше можност да го води и соработува со Кристијано Роналдо за кого тоа беше втор мандат, меѓутоа и тоа не промени многу во однос на резултатите со тоа што Португалецот имаше индивидуално бројки за почит.

Невил се врати во минатото и говорејќи за тој дел истакна дека Роналдо го изневерил Солскјер од проста причина што не му дал вистинска поддршка, ветар во грб кога е во прашање соблекувалната.

-Кога го видов Роналдо на клупата и тој ги правеше тие работи пред камерата, беше тешко. Очигледно по натпреварот со Евертон, кога Оле го изостави првиот пат и се сеќавам си замина, почувствував дека тоа го разочара Оле бидејќи беше поранешен соиграч.

-Тој е одличен играч, неподвижен предмет во однос на постигнатото, но сметав дека требаше да биде со Оле како негов сојузник во соблекувалната, особено од времето кога бевме играчи заедно во соблекувалната. Сакав да истапи и биде лидер во соблекувалната, но не го стори тоа и затоа бевме во конфликт во ситуацијата, -истакна Гери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни