Поврзете се со нас

Англија

Невил разочаран од еден играч од Челси: Наскоро ќе го продадат за 25 мииони фунти

Објавено

на

Гери Невил заедно со Џејми Карагер беа стручни коментатори на вчерашниот натпревар во кој Челси го победи Брајтон со 3:1.

Тимот од Лондон не блескаше на оваа средба, но успеа да стигне до трите бода во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата.

Откако претходно го критикуваа Кепа Аризабалага, на ред дојде и играчот од средниот ред Рубен Лофтус- Чик кој ги разочара коментаторите во студиото на „Скај Спортс“.

– Мислам дека Лофтус- Чик доби доволно шанса. Сметам дека тој навистина разочара и не мислам дека треба да се жали за нешто. Него му беа дадени доволен број на натпревари.

– Не мислам дека ја зграби шансата која му се понуди. Челси ќе дојде до точка кога за него ќе прифати 25 милиони фунти и ќе го пушти да си замине, -јасен беше Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни