Поврзете се со нас

Англија

Невил: Рашфорд мора да си замине од Јунајтед, станува…

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Маркус Рашфорд пропушти уште еден меч за Манчестер Јунајтед и тоа поради одлука на менаџерот Рубен Аморим кој го изостави напаѓачот од списокот за натпревари и против Манчестер Сити и Тотенхем.

Меѓутоа и без него „црвените ѓаволи“ се далеку од тоа што посакуваа, загубија од „петлите“ во Лига Купот, а денеска беа декласирани од Борнмут во Премиер лигата. Сепак повеќе од јасно е дека нема враќање за Рашфорд од сегашната позиција и според Гери Невил најдобро решение е да го напушти клубот веќе на стартот на 2025 година.

-Да ми кажеше пред седум или осум дена дали Рашфорд може да замине во јануари, би рекол дека нема шанси. Една работа во минатото со играчите во голем клуб, ако ми зборувате за тоа секоја недела, станува проблем за менаџерот и централната точка на прес-конференцијата, тогаш очигледно дека треба да си замине.

-Веројатно ќе функционира за двете страни. Има добри примери на играчи кои се мачеле во Манчестер Јунајтед и напредувале подобро на друго место – Џејдон Санчо во Челси, Скот Мектоминеј не се мачеше, но добро му оди во Наполи. Маркус можеби мисли дека тоа е вистинската работа и за него, -истакна Невил кој има максимална поддршка за Аморим.

-Нешто мора да се промени во Манчестер Јунајтед. Веќе 10 години има многу исти играчи кои ги даваат истите резултати. Сме зборувале за култура повеќе пати. Ако има играчи кои не се вклопуваат баш, поради една причина поради друга, ако немаат доволно квалитет, мора да бидат пуштени. Рубен Аморим сега знае, паднаа пет менаџери пред него. Некои од нив покажаа верба во истите тие играчи. Тоа е случај да се заштити себеси и да ја направи вистинската работа за себе и за клубот, -заклучи легендата на „црвените ѓаволи“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни