Невил претпазлив и покрај двете големи победи на Манчестер Јунајтед: Тоа не значи дека…

nevil-jakna

Манчестер Јунајтед кога никој не очекуваше врза две големи победи на дерби пресметките против Тотенхем и Манчестер Сити.

Посебно импресивна беше победата на гостувањето на „Итихад“ каде „ѓаволите“ славеа со 2:1 надмудрувајќи го, во моменотв поквалитетниот противник.

По победите нормално е да се врати самодовербата кај фудбалерите, но и кај навивачите на Манчестер Јунајтед. Сепак, и покрај нив, Гери Невил предупредува дека клубот мора да купува играчи во јануари доколку сака да има колку толку успешна сезона.

– Во минатото играчите многу пати беа критикувани. Сепак со Сити покажаа поинакво ниво. Се уште мислам дека нема доволна конзистентност во играта, но дефинитивно има надеж. Ова ќе им даде голема самодоверба на играчите, но тоа не треба да го промени она што клубот мора да го направи во јануари. Мектомини и Фред беа брилијантни, но не верувам дека можат да играат вака на секој натпревар. За денешниот перформанс мора да им симнеме капа. Прашањето сега е како тие да останат конзистентни, а не да го прават ова еднаш во три недели, -истакна Гери Невил.

Facebook Коментари