Поврзете се со нас

Англија

Невил пред дербито во Мадрид: Гвардиола се плаши од една работа

Објавено

на

Манчестер Сити вечерва му гостува на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а избраниците на Пеп Гвардиола ќе треба да одиграат уште еден квалитетен натпревар доколку сакаат да го елиминираат новиот шпански првак.

Сити има минимална предност од првата средба, но јасно е дека Реал со својата традиција во ЛШ секогаш е сериозна закана и ќе ја има поддршката на своите фанови на „Сантијаго Бернабеу“.

Гери Невил смета дека дербито е како боскерско соочување во тешка категорија, а Гвардиола стравува од успесите на Реал во ова натпреварување.

– Сити е пред голем предизвик, овој дуел наликува на боксерски дуел во тешка категорија.

– Еднаш на неколку години гледаме ваков пробив на Реал. Екипа со богата историја која никогаш не се предава и од ситуација да биде со една нога до елиминација неколку пати, но не планира да загуби. Мислам дека на Гвардиола највеќе му е страв од ова, – вели Невил.

– Колку добро и да игра Сити, колку и да ја држи топката во посед, денес против себе ќе има еден опасен ѕвер. Тие никогаш не се откажуваат, па додека на Ливерпул му требаше само еден гол против Вилјареал, фудбалерите на Сити мора да го одиграат натпреварот на својот живот.

– За мене Сити е фаворит, затоа што сум убеден дека можат да постигнат голови во Мадрид, а веројатно клучен ќе биде настапот на Де Брујне, – рекол Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни