Невил повторно со провокативен коментар: Тешко е да сакаш клуб како Челси, но тие мора им откинат…

nevil-jakna

Ливерпул ќе биде гостин на подмладениот Челси во недела на „Стемфорд Бриџ“ во најголемото дерби од 6. коло од англиската Премиер лига.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој сега работи како стручен коментатор за „Скај Спортс“, Гери Невил истакна дека се надева дека Ливерпул ќе испушти поени на гостувањето кај Челси.

– Не велам дека не го сакам Челси, но тешко е да сакаш таков клуб поради тоа што го имаат направено, а нивните играчи секогаш изгледаа малку „валкано“. Сепак, мислам дека ова е тимот на Челси кој може најмногу да ви се допаѓа во ерата на Роман Абрамович. Би било убаво Ливерпул да испушти поени, не поради лични причини, туку за сезоната да биде подраматична, -изјави Гери Невил.

Facebook Коментари