Поврзете се со нас

Англија

Невил: Почетокот на сезоната на Јунајтед е полош од што изгледа

Објавено

на

Гери Невил смета дека Манчестер Јунајтед нема да освои трофеи и оваа сезона, ако не пронајде посакуван баланс во екипата во која пристигна Кристијано Роналдо.

Поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ потенцира дека актуелната ситуација на табелата не е реална и Јунајтед допрва го очекуваат тешки натпревари.

– Моето стравување за Оле и екипата е дека почетокот на сезоната е полош од што изгледа. Во моментов ја гледате табелата и велите тие се два бода зад лидерот, но се уште не играле против најсилните тимови.

– Сезонава не гледав ниту еден натпревар на Јунајтед бидејќи следевме преноси од дерби средбите, а тие не учествуваа во ниту една од нив. Сега ги очекуваат четири натпревари против Топ 6 екипи за само еден месец, па ме фаќа страв што може да се случи. Факт е дека некогаш ќе победат, но мислам дека актуелната табела не ја покажува реалната ситуација, – вели Невил.

Стручниот коментатор на повеќе англиски медиуми смета дека главен проблем е пронаоѓањето баланс по пристигнувањето на Роналдо.

– Го поддржувам овој трансфер, навистина го сакам и почитувам Роналдо, но Јунајтед мора да го компензира неговото присуство во тимот. Со фудбалер кој не игра пресинг во нападот, екипата ќе биде подложна на многу контри, а така нема да освои титули, – дополнил Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни