Англија
Невил по лондонското дерби: Станува жешко за Раја

Арсенал успеа да се врати од негатива од два гола на дербито со Челси, но тоа нема да го спречи менаџерот Микел Артета да ги анализира грешките на своите фудбалери на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“.
Во прв план е голманот Давид Раја, кој продолжи со киксевите и вчера дозволи да биде совладан од Мудрик од невообичаена ситуација, а Гери Невил вели дека и самиот Шпанец е свесен дека е во големи проблеми.
– Раја го започна својот престој во Арсенал добро, но потоа имаше лош настап во Лигата на шампионите, во првото полувреме против Сити и сега овој натпревар со Челси.
– Станува жешко за него, го има тој изглед на лицетот како да вели „помош“.
– Настапува на најтешката позиција, а кога си дел од еден од најголемите клубови во лигата, притисокот е уште поголем. Да биде јасно, Артета ја создаде оваа ситуација за ривалство со Рамздејл, невообичаено е, но тој вели дека може да функционира.
– Јас никогаш не верував во такво нешто, а сега со свои очи гледаме дека предизвикот станува притисок. Прво Рамздејл не се прослави, а сега и Раја почна да прави грешки, – рекол Невил.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 13 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари