Поврзете се со нас

Англија

Невил: Ова е најлошото соопштение кое сум го видел во животот! (Фото)

Објавено

на

Гери Невил со големо задодволство ја дочека веста дека сите шест англиски премиерлигаши се повлекоа од Супер лигата, но истовремено, не заборави да ги оцрни за кукавичкиот потег и потпишувањето на договорот во режија на Флорентино Перез и Андреа Ањели.

Легендата на Манчестер Јунајтед не заборави да потенцира дека сите шест клуба сега ќе се гледаат со други очи во англиската јавност и покрај тоа што се повлекоа, а денеска продолжи со критиките, откако не можеше да се изначуди колку едноставно соопштение испрати неговиот сакан клуб.

Додека Џон Хенри како газда на Ливерпул им се извини на навивачите, на Јирген Клоп и на сите играчи за стресот и негативниот публицитет кој им го донел со својата одлука, Јунајтед испрати протоколарно соопштение, без никакво извинување од семејството Глејзер.

Во објавата на Јунајтед само се наведува дека клубот нема да биде дел од Супер лигата, а Невил не пропушти да потенцира дека тоа е најлошото соопштение кое некогаш го има видено.

– Ова го прочитав веќе 3 или 4 пати. Најверојатно ова е најлошото соопштение кое сум го видел во животот!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни