Поврзете се со нас

Англија

Невил откри кој соиграч бил брутален со него: Ми рече дека никогаш нема да успеам во Јунајтед!

Објавено

на

Гери Невил е легендарен член на генерацијата 92-ра од Манчестер Јунајтед и тој цела своја играчка кариера ја мина на „Олд Трафорд“, а како десен бек кој освои се што можеше да се освои под водство на Сер Алекс Фергусон, сега појаснува дека неговите почетоци во првиот тим не биле воопшто лесни.

Во моментите кога се пробиваше како младинец, стандарден избор на десната бековска позиција за Ферги беше Пол Паркер, но надежниот дефанзивец дојде до израз откако стартниот бек заработи незгода повреда. Невил открива дека првите две години не му биле воопшто лесни, а особено поради фактот што бил и брутално омаловажуван од легендарниот Питер Шмајхел кој во тоа време беше еден од сениорите во тимот.

– Човекот кој беше најгруб со мене беше дефинитивно Питер Шмајхел. Тој беше брутален со мене во првите две години. За разлика од него, Стив Брус многу ми помогна во тој период. Тој играше десно во одбраната и ми помагаше. Јас бев десен бек кога Паркер беше повреден.

– Паркер беше фантастичен дефанзивец, но за жал се повреди и јас добив шанса на таков начин. Во тоа време, Брус многу пазеше на мене, тој беше човекот кој зборуваше со мене во текот на целиот меч. Стив многу ме научи првите години, тој имаше најголемо и најзначајно влијание врз мене, – открива Гери кој за крај повторно се наврати на Шмајхел.

– Шмајхел постојано ме критикуваше, на секој тренинг. Послсе една година, ми кажа дека никогаш нема да го заменам Пол Паркер, сметаше дека не сум доволно добар за Јунајтед, – додава Невил за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни