Англија
Невил откри каква животна лекција добил од Кариус при ненадејна средба во Италија
Гери Невил се претвори во еден од најжестоките критичари преку студиото на „Скај Спортс“ во последните десетина години, а иако најчесто со прави дели лоши коментари за познатите ѕвезди во Премиер лигата, легендарниот дефанзивец и самиот е свесен дека има моменти кога ја минува границата.
Во најновото шоу на „Скај Бет“, Невил призна дека жали за лошите коментари кои ги давал за Бразилецот Давид Луиз и за Челси по катастрофалната сезона која ја имаа лани, но навраќајќи се на некои поодамнешни коментари, откри и една интересна анегдота за Лорис Кариус.
Невил беше навистина груб кон германскиот чувар на мрежата и своевремено тврдеше дека Ливерпул никогаш нема да освои титула со него на голот, а Гери откри дека неколку години подоцна се покајал за своите коментари при една лична средба со голманот.
– Се сеќавам на неколку мои такви епизоди, а една од нив е и онаа со Лорис Кариус. Бев навистина брутален додека беше млад голман во период од два или три месеци. Ливерпул стануваше подобар под водство на Јирген Клоп, а јас се сеќавам дека кажав дека никогаш нема да ја освојат титуалта со Кариус на голот.
– Тоа е претежок заклучок за еден млад голман, испадна дека бев во право, но тоа беше премногу од моја страна. Се сеќавам дека еднаш заминав во Италија и бев сместен во хотел. Влегов во теретаната за да имам тренинг и таму наидов на високо момче кое креваше големи тегови. Тоа беше Кариус. Можеше да направи многу работи и да тргне кон мене, а јас во себе веднаш се сетив какви работи кажав за него. Наместо да направи такво нешто, тој само ми рече дека му е мило што ме гледа, а јас во тој момент се почувствував виновен за тоа што бев толку остар кон него. Тоа беше добра лекција, – открива Невил.
-
Репрезентација16 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Свет16 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства7 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Шпанија12 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Англија14 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…
-
Англија8 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија14 часа
Гвардиола: Ако Ибрахимовиќ тоа го кажал…
-
Шпанија19 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот