Поврзете се со нас

Англија

Невил никогаш не бил фан на својот соиграч: Тој беше светски шампион, но прелесно примаше голови

Објавено

на

Фабиен Бартез стана светски шампион со Франција и имаше улога на незаменлив стартер во историскиот тим на „триколорите“, а феноменалните изданија кои ги продолжи и на Европското првенство две години подоцна, го одведоа во Манчестер Јунајтед.

Францускиот чувар на мрежата потпиша за „ѓаволите“ во 2000-та година, но и покрај сериозниот статус кој го изгради како француски репрезентативец, не остави некој посебен впечаток на „Олд Трафорд“. Бартез мина три години во Манчестер, пред да биде позајмен во Марсеј, а потоа и продаден во 2004-та година.

Бартез освои две титули во Премиер лигата како дел од екстра силниот тим на Фергусон, но еден од соиграчите кои немале големо мислење за него бил и Фил Невил кој сега јавно го призна тоа.

– Јас никогаш не бев фан на Фабиен Бартез. Секако, тој го осови Светското првенство, имаше брилијантна лева нога, но никогаш не бев негов фан, – вели Фил за „ДАЗН“ и додава.

– Едноставно премногу лесно примаше голови. Имаше одличен темперамент, беше храбар, но едноставно примаше многу голови, – додаде помладиот од браќата Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни