Невил не е задоволен и покрај победата против Лестер: Дајте му три или четири трансфер периоди да го исчисти сето ѓубре…

nevil

Легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед и сегашен стручен коментатор, Гери Невил смета дека ОлеГунар Солскјер треба да добие шанса од три до четири трансфер периоди за да го исчисти ѓубрето кое го има во својот тим.

Манчестер Јунајтед победи против Лестер со тесни 1:0, но не прикажа допадлива игра, па фановите имаат право кога го критикуваат составот.

Со свој коментар се јави и Невил кој истакна дека уште во јануари Солскјер треба да продолжи со реконструкцијата на тимот.

– Треба да работи на трансфер прозорецот во јануари, да работи следното лето, па потоа и следната сезона. Тогаш можеби ќе има напредок. Видете го Јирген Клоп. Му требаа четири години пред да освои нешто, но работите почнаа да се подобруваат по само 12 месеци. Тоа е млад тим, а јас како фан на Манчестер Јунајтед верувам дека тој ќе го успее следната сезона, -истакна Невил.

Facebook Коментари