Поврзете се со нас

Англија

Невил направил избор за Јунајтед од редовите на Ливерпул: Би го избрал Ван Дајк пред Салах

Објавено

на

Гери Невил е свесен за слабите страни на својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, но смета дека „црвените ѓаволи“ имаат поголем проблем во одбраната.

Во последното издание на својот подкаст, Невил истакнал дека ако треба да бира меѓу двете најголеми ѕвезди на ривалот Ливерпул, би се одлучил за дефанзивецот.

Односно, ако бира меѓу Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах, Невил во Јунајтед би го довел Холанѓанецот.

– Би го избрал Ван Дајк.

– Тој би донел дефанзивна доминација на тимот и би претставувал столб каков што во моментов немаме. Точно е дека немаме ни напаѓач како Салах, но затоа имаме неколку талентирани напаѓачи.

– Ван Дајк е доминантен на теренот, зборува многу со соиграчите и има некоја посебна аура. Ако Јунајтед сака да ја промени целосната култура, им треба доминантна личност како Ван Дајк. Тој би ги контролирал играчите како Маино или Рашфорд, би имал позитивно влијание на нив, – вели Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни