Поврзете се со нас

Англија

Невил направи споредба на одлуките кои ги донесоа Солскјер и Тухел: Томас им верува на своите играчи

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер самиот призна дека најверојатно донел погрешна одлука со избрзаното враќање на Хари Мегваер на теренот, бидејќи капитенот на Манчестер Јунајтед беше очаен на мечот со Лестер на „Кинг Пауер“ и кумуваше во добар дел од четирите кога кои ги прими тимот на гостувањето.

Менаџерот на Јунајтед реши да го стави стоперот во стартната постава и покрај тоа што беше надвор од натпреварувачки ритам по повредата, што на крајот се одрази негативно врз тимот, но и конечниот резултат кој гласаеше 4:2. Гери Невил во своето последно обраќање одново посочи дека Солскјер направил навистина голема грешка со Мегваер, но направи и една споредба со одлуките на Томас Тухел во Челси.

– Во саботата, Оле Гунар Солскјер направи голема грешка. Најголема грешка му беше тим селекцијата и тоа што во игра го стави Хари Мегваер. Тој не беше ниту блиску до фит за натпревар. Најверојатно се создаде паника со повредата на Варан, но играњето на Мегваер не беше добро.

– Само за споредба, го гледав мечот на Челси против Брентфорд и Томас Тухел им даде шанса на Сар и Чалобах во отсуство на Ридигер и Силва. Тоа покажува дека Тухел верува во сите свои играчи. Според мене, Баји требаше да игра со Линделоф во саботата.

– Мегваер е одличен и клучен кога е фит, но во саботата не беше. Да беше во својата посакувана форма, Јунајтед немаше да ги има проблемите кои ги имаше против Лестер, – објаснува Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни