Поврзете се со нас

Англија

Невил му препорача идеално решение на Мегваер, Карагер тврди: Нема враќање назад за него!

Објавено

на

Хари Мегваер имаше нов кошмарен меч, овојпат како член на англиската фудбалска репрезентација, бидејќи капитенот на Манчестер Јунајтед вчера кумуваше за два од трите гола на Германците.

Стоперот игра без ронка самодоверба и влегува од грешка во грешка, а од помош не му оди и тоа што фановите се потсмеваат со него, но и фактот што медиумите постојано вршат сериозен притисок.

Мегваер се извини за грешките кои го чинеа неговиот тим негатива од 0:2, но многу поголемо внимание привлекуваат реакциите од легендите на англискиот фудбал.

Гери Невил верува дека Мегваер треба да игра како стартер и на Светското првенство, но му препорачува на Мегваер да направи нешто што направил тој кога бил во сериозна играчка криза.

– Знам како му е, и јас имав период кога цели осум месеци не сакав да ја добијам топката. Немав самодоверба, комплетно го изгуби тоа чувство. Отидов на психолог и ми помогна во тие мрачни денови. Му предложувам да го направи истото. Во вакви ситуации, потребна ви е помош од страна, потребна ви е професионална помош, – вели Невил.

– Сметам дека нема враќање назад за Мегваер. Предоцна е да направи било што, особено на клупско ниво. Ова ќе биде негова последна сезона во Јунајтед, а станува проблем и за Англија, – вели Карагер од друг агол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни