Поврзете се со нас

Англија

Невил му одржа лекција на Рашфорд: Стави се во кожа на фановите

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Маркус Рашфорд самиот се стави во доста проблематична ситуација по тешкиот дерби пораз од Манчестер Сити, бидејќи вечерта по неуспехот на „Олд Трафорд“ беше уловен во еден ноќен клуб во Манчестер.

Рашфорд решил да го слави својот роденден и покрај тешкиот и болен пораз од лутиот градски ривал, а тоа му донесе серија критики во јавноста, која кулминираше и со негово неиграње против Фулам.

Иако Ерик Тен Хаг вчера објасни дека се работи за мала повреда, дел од медиумите сметаат дека тоа е своевидна казна за напаѓачот за нелогичната прослава, за која вчера доби и добра лекција од Гери Невил.

– За вакви ситуации пишував и во мојата книга. Секој играч треба да има свој приватен живот, но кога губите меч, било каков меч, не излегувате вечерта. Кога се работи за манчестерско дерби, не излегувате една недела или две недели. Тоа е правилото кое важеше за мене, но и за сите играчи во мојата соблекувална. Ако се загуби натпревар, излегувањето се откажува.

– Ставете се во кожа на фановите, тие плаќаат големи пари за да го гледаат тимот, а потоа не сакаат да гледаат како уживате после тежок пораз. Можеби требал да ја реши ситуацијата со чаша вино во својот дом, опкружен од своите најблиски. Маркус е дете од Манчестер, знам дека му беше роденден, но требаше да биде попаметен. Поразот 3:0 беше премногу свеж, а фановите не сакаат да ве видат излезени во градот истата вечер. Ерик Тен Хаг нагласи дека тоа било голема грешка, а истото го мислам и јас, – порача Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни