Невил: Јунајтед мора да се адаптира на квалитетите на Погба

pogba

Пол Погба не играше во посакуваната форма на последните натпревари, а на дуелот против Севилја неговото место во средниот ред на Манчестер Јунајтед го зазема младиот МекТоминеј.

Гери Невил како постојан коментатор на случувањата во редовите на својот поранешен клуб, смета дека Жозе Мурињо мора да ги неутрализира слабостите на Погба.

– Мислам дека Погба игра подобро кога е слободен и недисциплиниран. Тој ме потсетува на Верон според начинот на кој ја чита играта, па според мене мора да се искористат неговите квалитети и не може да се очекува секогаш да биде таму каде што сака менаџерот.

– Сметам дека е подобар со тројца фудбалери во средниот ред, мислам дека Јунајтед знаеше што добива кога го ангажираше, па затоа и мора да ги искористи неговите квалитети, – потенцира Невил.

Facebook Коментари