Поврзете се со нас

Англија

Невил ја нападна ѕвездата на Челси за моментот по дербито: Палмер беше изигран од Гвардиола (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси поведе на „Итихад“ и не реализираше стопроцентна шанса за рана предност од 0:2, па откако го остави противникот во игра, Манчестер Сити се врати како во некои подобри времиња и режираше пресврт до крајот на дербито.

Англискиот шампион на крајот победи со 3:1 и се врати во топ четири во Премиер лигата, а бидејќи победи директен ривал во оваа битка, домашните фанови имаа причина за големо задоволство.

Насмевка на лицето видовме и кај Пеп Гвардиола, кој покрај тоа што срдечно се поздрави со својот ученик Енцо Мареска, на крајот од натпреварот имаше и подолга конверзација со Кол Палмер.

Ѕвездата на Челси со насмевка на лицето комуницираше со својот поранешен менаџер, а оваа сцена го натера Гери Невил да испорача критики до англискиот репрезентативец.

– Сакам да кажам нешто за Кол Палмер и неговиот разговор со Пеп Гвардиола на теренот. Тој се смееше по крајот на натпреварот, а Пеп знае да ги навлече фудбалерите во такво нешто. Кол беше изигран од Гвардиола, не требаше да го направи тоа. Не направи доволно на теренот за да се смешка на крајот.

– Пеп лесно му продаде приказна, а овој ја прифати неговата игра. Немам ништо против да зборуваат во подтрибинскиот простор, но ова не изгледаше добро од перспектива на Палмер. Гвардиола често го правел ова, сите го знаеме тоа, но кога губите 3:1 на дерби натпревар, не треба да се смеете. Особено поради тоа што имаше голем број навивачи на Челси во гостинскиот сектор, – порача Невил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни