Поврзете се со нас

Англија

Невил избувна и му одговори на Ди Марија: Ти беше ужасен, погледни ги твоите двајца сонародници!

Објавено

на

Анхел Ди Марија во повеќе наврати го има посочено својот престој во Манчестер како доста лош и особено го има критикувано Луи Ван Гал, но вчера во фокусот се најде изјаватас на неговата сопруга Жоргелиња Кардозо која навистина не ги бираше зборовите додека ја омаловажуваше културата во Англија.

Кардозо има исклучително лошо искуство од Манчестер и го нагласи престојот во Англика како „одвратен“, зборови кои денеска не пропушти да ги искоментира легендарниот Гери Невил во своето стандардно обраќање за „Скај Спортс“.

Поранешниот бек на Јунајтед ги смета за крајно нелогични зборовите на сопругата на Аргентинецот, а воедно заклучи дека Ди Марија се крие зад својата сопруга во обидот да се сокрие од срамот кој самиот си го приреди на „Олд Трафорд“.

– Нависитна не можев да ги сфатам нејзините зборови. За жал, често знаеме да слушнеме вакви изјави за Англија и тоа од празни играчи, играчи како Ди Марија кој беше ужасен во Манчестер. Имав навистина големи очекувања и бев возбуден кога пристигна во тимот, мислев дека купивме топ играч. Но, тој не покажа интерес од првиот ден и заврши како што заврши, – вели Гери и во продолжение му приложи два примери на кои треба да се угледа и да сфати дека грешката била кај него.

– Она што ќе го кажам е следното, не треба да гледа многу далеку, нека ги погледните неговите сонародници. Серхио Агуеро или Палбо Забалета кои имаа фантастични години во Манчестер, тие не брзаа да си заминат од тука. Ќе го бранам мојот град до смрт, нејзиното лошо искуство не може да биде приказ за нешто кое е многу важно за луѓето од овој град, – заврши Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни