Поврзете се со нас

Англија

Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед е еден од најголемите англиски клубови, меѓутоа овој фудбалски џин е непрепознатлив по заминувањето на легендарниот сер Алекс Фергусон, клуб од кој се очекува секоја сезона да се врати, заблеска, биде конкурентен за најважните титули, меѓутоа и покрај инвестициите во играчи резултати нема или се под нивото кое се очекува.

Како работите да се вртат во круг, па кога ќе има еден подобар период и кога ќе се врати оптимизмот дека Јунајтед е на вистински пат, потоа доаѓа разочарување како што е оваа кампања во која амбициите беа навистина високи, меѓутоа резултатите и досега прикажанот не ветуваат дека може да се направи нешто повеќе.

Гери Невил како легенда на Јунајтед, човек кој мина долго време во истиот, доживеа многу успеси едноставно не може повеќе да гледа и слуша што се случува на „Олд Трафорд“.

-Ова е многу под нивото, навистина е разочарувачки и чувствувам дека почнува да се појавува вревата против менаџерот. Потоа се слушаат истите звуци кои велат: „Сигурно не можеме да се ослободиме од друг менаџер, мораме да се ослободиме од играчите бидејќи тие се оние кои се ослободија од другите менаџери“. Потоа им се обраќаме на сопствениците и ми е досадно. Се изморив од сопствениот клуб. Не сакам повеќе да ги правам нивните натпревари, не сакам повеќе да ги гледам нивните мечеви и тоа е најтажното обвинение што можете да го имате за вашиот фудбалски клуб кога ќе ви стане здодевно да ги гледате, кога ќе се изморите од нивно гледање.

-Не сум само јас, неколку луѓе во последните неколку недели рекоа: „Доста е“. Глупата работа е дека во среда навечер [против Челси] ќе ја градам средата околу гледањето на Манчестер Јунајтед. Таков е животот, одиме и пак ги гледаме, нели? Но, јас така се чувствувам: се чувствувам уморно од нивно гледање. Тоа е тажна позиција да се биде.

-Го сакам тој клуб и ги сакам фудбалските возбудувања, но веќе се плашам што ќе се случи на Енфилд за две недели, само затоа што мислам дека може да биде хаос. Веќе се плашам што ќе се случи во среда навечер против Челзи бидејќи може да биде хаос, -порача Гери за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни