Невил има само еден совет за Солскјер за играчите како Погба

pogba-geri

Гери Невил вчера се обиде да објасни каква група на фудаблери недостастуваат во актуелниот состав на Манчестер Јунајтед, а веќе денеска излезе со доста поконкретна изјава за најголемата ѕвезда во тимот кој сериозно размислува да си замине од клубот ова лето.

Пол Погба во ниту еден момент не успеа да фати континуитет во Јунајтед како што сите очекуваа и доста често се наоѓаше на удар од јавноста, па поради тоа, самиот тој навести дека е време за нов чекор во неговата кариера, што практично значи дека донел одлука да си замине од „Олд Трафорд“.

Таквиот став на Французинот изнуди измешани реакции меѓу фановите на Јунајтед кои не гледаат кој би го заменил Погба во стартната постава, но според Гери, секој оној фудбалер кој смета дека треба да си оди од тимот, едноставно не заслужува да биде дел од проектот на клубот.

– Јунајтед не мора да задржи ниту еден играч. Манчестер Јунајтед е подобар тим со Погба, но ако играчот не сака да биде во клубот, тука не зборувам само за Погба, тогаш мора тој играч да го тргнете на страна и да одите понатаму. Во овој момент, најважно за Оле е да дознае кој е подготвен да оди со клубот напред, кои играчи се гладни за надигрување. Искрен, јас се уште не сум најсигурен за многу играчи. Мислам дека ситуацијата со заминувањата на играчи ќе се провлекува цело лето, – вели Невил за „Скај Спортс“.

Facebook Коментари