Поврзете се со нас

Англија

Невил и Рајт со различна прогноза за дербито меѓу Челси и Арсенал

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Челси и Арсенал ги завршија европските обврски за оваа седмица и сега можат да се фокусираа на нивното соочување во Премиер лигата закажано за в недела од 17:30 часот на „Стемфорд Бриџ“.

Овие дуели секогаш се интересни, возбудливи, а и податокот дека двете екипи во мечот влегуваат со идентичен број на бодови (18), прави битката за Лондон да биде специјална, поточно го привлекува вниманието на пошироката фудбалска јавност.

Поранешниот англиски репрезентативци Гери Невил и Иан Рајт имаа можност да дадат прогноза за тоа каков ќе биде резултатот, два типа кои се различни.

Невил верува дека ќе нема победник и ќе има по еден гол во двете мрежи (1-1), а пак Рајт смета дека Арсенал ќе се покаже во подобро светло и ќе ги освои трите бода со резултат 2-1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни