Поврзете се со нас

Англија

Невил го промени својот став: Погба веројатно ќе остане, ситуацијата е таква..

Објавено

на

Легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед и сега еден од најпознатите стручни аналитичари за „Скај Спортс“, Гери Невил смета дека Пол Погба сега веројатно преферира останување во клубот и дефинитивно ја разгледува ваквата можност.

Французинот долго време се поврзуваше со заминување од Манчестер Јунајтед, а заинтересирани клубови за него беа Реал Мадрид и Јувентус.

Сепак, според Невил, поради финансиската криза предизвикана од коронавирусот, Погба би можел да остане во Манчестер Јунајтед во следните 12 или 18 месеци.

– Насоката во која се движеше кариерата на Погба целата оваа сезона навестуваше негово заминување од Манчестер Јунајтед. Имаше такви шпекулации, а неговиот агент повремено излегуваше со коментари во јавноста.

– А сега, по ова што се случи со коронавирусот и економските загуби во фудбалот, кој би можел да издвои 80 милиони фунти, 100 милиони фунти, за Пол Погба? Кои клубови ќе му ја понудат платата која тој ја заработува во Манчестер Јунајтед?

– Не го потценувам како играч, зборувам само за економската ситуација во целиот свет. Погба можеби ќе мора и можеби ќе сака да остане во Манчестер Јунајтед во следните 12 до 18 месеци и да погледне на фактот дека ќе може да игра заедно со Бруно Фернандеш, Фред, Скот, Мегваер, Ван Бисака, Де Хеа, Рашфорд, Гринвуд, -изјави Гери Невил кој е свесен дека шансите Погба да остане на „Олд Трафорд“ сега се многу поголеми.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни