Поврзете се со нас

Англија

Невил го промени ставот: Добро се сеќавам што велеше Ферги, Арсенал ќе ја освои титулата ако победи наредниот викенд!

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Гери Невил беше најголем скептик кога е Арсенал во прашање и до пред само некое време велеше дека тие ќе завршат само трети, но легендарниот бек на Манчестер Јунајтед полека се соочува со реалноста и му станува јасно дека тимот на Артета е блиску до прекинување на долгиот пост.

Арсенал последен пат го освои трофејот во Премиер лигата во 2004-та година, па речиси две децении подоцна, составот од Северен Лондон е многу блиску до повторување на таков успех .

Момците на Артета имаат осум бода предност пред Манчестер Сити и натпревар повеќе, а Гери смета дека „топчиите“ и дефинитивно ќе станат шампиони ако победат следниот викенд на „Енфилд Роуд“ против Ливерпул.

– Во моите замисли секогаш стоеше дека Манчестер Сити ќе ја освои титулата во Премиер лигата, во тоа бев убеден до пред шест недели. Сега, ќе мора да кажам дека е 50-50. Да бидам искрен, јас сметав дека Арсенал досега ќе испушти многу бодови и дека нема да бидат тука. Кога се гледа сега ситуацијата, станува збор за 50-50.

– Добро се сеќавам што велеше нашиот менаџер Ферги, ако победите на „Енфилд“ во оваа фаза од сезоната, ќе станете шампиони. Сметам дека така ќе биде и за Арсенал, ако победат следната недела против Ливерпул на „Енфилд“, дефинитивно ќе кажам дека ќе ја освојат титулата. Самодовербата после тоа ќе им биде неверојатна, „Енфилд“ е ужасно место за гостување, – вели Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни