Поврзете се со нас

Англија

Невил го најави новото „срце“ во играта на Јунајтед, но испрати и едно јасно предупредување

Објавено

на

Гери Невил е една од легендите на Манчестер Јунајтед која знаеше често да го критикува Пол Погба поради неговите слаби изданија, но и тој како и Рио Фердинанд, смета дека Французинот заслужува уште една шанса на „Олд Трафорд“, особено откако се донесе фудбалер кој и тоа како може да му помогне во средниот ред.

Бруно Фернандеш го понесе цел товар по пристигнувањето од Спортинг Лисабон и понуди партии кои не можеа да ги замислат ниту најголемите оптимисти, а со оглед на неверојатните квалитети и страшните лидерски капацитети кои ги демонстрираше, Невил сега смета дека Јунајтед може да добие ново „срце“ во играта со одличниот двоец во средниот ред.

Легендарниот бек на „ѓаволите“ смета дека двајцата можат да бидат неверојатно добри, но нагласи дека ќе мора да работат еден за друг и да се надополнуваат на теренот за доброто на тимот.

– Тие двајца можат да бидат невероајтни заедно ако има компромис меѓу нив и ако работат за да си помогнат еден на друг, – порача Невил на едно прашање кое го доби на Твитер.

Порај сите овие изјави, треба да се нагласи и дека Солскјер стои до ставот дека двајцата можат да играат заедно, па се поверојатно е дека Погба и Фернандеш ќе добијат шанса да се докажат како двоец уште една натпреварувачка сезона, по завршување на оваа која не го дочка својот крај.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни