Невил го искоментира жестокиот дуел меѓу Мегваер и Ван Дајк: Тоа е грешка на која не можам да се изначудам

vandijk-meg

Ливерпул прокнижи нова победа во англиската Премиер лигата, а истата има посебна сласт бидејќи станува збор за триумф во големото дерби против најлутиот ривал Манчестер Јунајтед.

„Црвените“ сосема заслужено ги освоија трите бода во натпревар кој започна доста израмнето, но кој во продолжение беше доста едносмерен по погодокот кој го постигна Вирџил Ван Дајк. Холанѓанецот беше доминантен во шеснаесетникот и го доби жестокиот дуел со Хери Мегваер, по што следеше искрена анализа на Гери Невил за дуелот на најскапите стопери во историјата на англискиот фудбал.

– Јунајтед имаше добри 15 минути, а потоа следеше голот на Ливерпул. Вилијамс некако заврши во зоната да го чува Ван Дајк, а тоа е грешка на која не можам да се изначудам. Кога Ван Дајк скокна, веќе имаше голема предност и Мегваер немаше никаква шанса. Ван Дајк го имаше моментумот и голот беше неизбежен. Стартната позиција на Мегваер беше погрешна, мораше да биде поблиску до Ван Дајк и да биде побрз во скокот од него, – порача Невил.

Facebook Коментари