Поврзете се со нас

Англија

Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува

Објавено

на

Реакциите по катастрофалниот пораз на Манчестер Јунајтед од Брентфорд не стивнуваат и јасно е дека „црвените ѓаволи“ ќе имаат тежок период бидејќи сега ги очекува и дербито со Ливерпул.

Гери Невил уште за време на натпреварот во Лондон испрати тешки зборови на адреса на менаџментот и трансфер политиката на Јунајтед, а по неговиот крај упати порака и до Џо Глејзер, како најактивен член на фамилијата која е сопственик на клубот.

– Џо Глејзер уште утре треба да се качи во авион и да дојде во Манчестер, да почне да работи нешто и да им каже на останатите какви планови има.

– Кога бизнисот пропаѓа и се распаѓа, тогаш главен виновник е сопственикот, а во случајов гледаме една мизерија.

– Фамилијата си подигна 24 милиони фунти од клубот пред неколку месеци, а од друга страна имаме стадион од втора класа кој скапува и се распаѓа, а пред 10-15 години беше меѓу најдобрите во Европа.

– Водат фудбалски проект без да знаат што прават, можете да ги критикувате фудбалерите колку сакате, но овде имаме поголем проблем. Нека дојдат и нека се соочат со „музиката“, клубот скапува, – истакнал Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни