Поврзете се со нас

Англија

Невил ги налути фановите на Арсенал со коментарот за првиот гол: Значи ова беше прекршок

Објавено

на

Арсенал оствари рутинска и убедлива победа во дуелот со Кристал Палас, но првиот гол постигнат од Габриел предизвика и нова дебата на социјалните мрежи.

Стручните коментатори и навивачите сезонава имаа многу забелешки за судиите, а еден од најконтроверзните моменти беше голот на Гордон со кој Њукасл го победи токму Арсенал.

Тогаш менаџерот Микел Артета реагираше жестоко поради недосуден прекршок, а денеска Габриел реализираше наслонувајќи се со двете раце на противничкиот фудбалер. Гери Невил веднаш предизвика бура на „Икс“, обвинувајќи ги фановите на Арсенал за двоен аршин за слична ситуација.

– Значи фановите на Арсенал сметаат дека ова е прекршок, – напиша Невил и ги налути навивачите на лондонскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни