Поврзете се со нас

Англија

Невил: Едвај го чекам денот кога Клоп ќе си замине од Ливерпул

Објавено

на

Foto:instagram.com/gneville2

Гери Невил е голем љубител на работата која ја врши Јирген Клоп и во повеќе наврати има делено комплименти за менаџерот на Ливерпул, за кого лично смета дека е подобар тренер и од Пеп Гвардиола.

Правејќи своја анализа за последното големо дерби кое го одиграа двајцата во Премиер лигата, легендата на Манчестер Јунајтед подели низа комплименти за германскиот стручњак, кој според него е единствената причина поради која Ливерпул оваа сезона стана еден од претендентите за титулата.

– Каде беше Ливерпул минатата, а каде е оваа сезона? Ако се навратиме на стартот на сезоната, никој не им даваше шанси на Ливерпул кога е во прашање титулата. Клоп е единствената причина поради која Ливерпул повторно има шанса да ја освои Премиер лигата.

– За мене лично ќе беше најдобро Клоп никогаш да не дојдеше во Ливерпул. Не можам да го дочекам денот кога ќе си оди, едвај чекам да дојде тој ден. Го велам тоа како егоист, бидејќи се додека тој е тука, Ливерпул има големи шанси да остварува успеси. Неговото заминување ќе биде огромна загуба за Ливерпул, но и за Премиер лигата.

– Клоп како да припаѓа за овој клуб, за овој град. Тој на едноставен начин ги добива натпреварите и ги освојува титулите. Заедно со Гвардиола се извонредни тренери, но мене секогаш подобар ми бил Клоп. Јас го гледам фудбал на негов начин, поради тоа го избирам него. Од друга страна, Пеп е гениј, никој не може да го оспори тоа, никој не може да му го одземе она што го оствари во Барселона, Баерн и Манчестер Сити, – завршува Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни